Александар Ванг креираше чанти за Баленсиага

3 август 2013

Новите кожени чанти го носат називот„ Le Dix“ а ги карактеризира едноставниот, софистициран изглед и ненагласениот елегантен дизајн. За новата линија чанти кои се смета дека ќе направат вистински бум, Ванг црпеше инспирација од архивата на Баленсиага од каде и доаѓа името на оваа колекција, односно од првиот парфем на модниот бренд.

Цените на чантите ќе се движат од 995 долари за најмалата, до 2250 долари за максималната големина.

Објавено:
3 август 2013
Категорија: 
Модни додатоци