Чантите отсекогаш биле омилени модни додатоци на девојките ширум светот. Брендовите буквално се натпреваруваат меѓусебно за да го направат моделот што сите ќе го обожаваат, а на Staud тоа навистина му тргна од рака.

Дизајнерката и основачка Сара Стодингер која стои зад брендот, својата инспирација ја пронајде во ненагласено елегантните чанти, чии цени нема да ве изненадат како што е тоа случај со останатите брендови.

Нејзиниот еко бренд Staud, започна со работа во 2015 – тата година во Лос Анџелес и веќе има своја еколошки прифатлива ready to wear линија на шик парчиња што секоја жена мора да ги има во својот плакар.

Дефинитивно најголемо внимание предизвика чантата Bissett со која последните месеци можеме да ги видиме најголемите светски трендсетерки како Алекса Чанг, Леандра Медин, Камил Роу и бројни други.

Имено, станува збор за чанта во ретро стил изработена од фина кожа која можете да ја носите во рака или на рамо, иако познатите трендсетерки преферираат во рака.

Чантата има многу едноставни и чисти линии, а може да ја набавите во неколку класични и безвременски бои кои се совршени за секоја прилика и комбинација.

Она што е особено интересно е дека популарноста на овој модел се зголемува од ден во ден и девојките веќе се на листата на чекање, бидејќи првичните модели се одамна распродадени!

Како ви се допаѓа оваа чанта?

Објавено:
11 мај 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.449 пати