Дизајнерките Рика Лин и Чеј Сум креираа чанти што на прв поглед создаваат оптичка илузија. Овие модели изгледаат како нацртани или иато како да се „излезени“ од некој цртан филм. Воедно, трикот е во тоа што се дизајнирани како 2Д цртежи со црни рабови и агли, а навистина кога ќе ги видите лесно е да се збуните.

-Сакаме да создаваме визуелни илузии, но уште подраго ни е кога сваќате дека чантите се вистински, велат од дизајнерското дуо.

Нивниот бренд го носи името „Jump From Paper“, а ваквите модели ги дизајнираат од 2010 година. Меѓутоа, велат дека продажбата тогаш им била слаба, но сега промената е голема и се популарни и барани во повеќе од 25 држави.

Во рамките на брендот, освен чантите вклучени се и чанти за лаптоп, футроли за телефони, паричници, како и машки модели на чанти и чинат од 30 до 150 евра.

Дизајнерките изјавуваат дека нивниот актуелен моден производ е шарен, необичен и со смисла за хумор.

 

Објавено:
7 мај 2014
Категорија: 
Модни додатоци