Секогаш е добро време да се подновите со нова чанта, секако ако сте во можност. Во пресрет на новата сезона, ние направивме мала селекција на најактуелните модели и трендови.

За оние што носат речиси цела куќа во чанта, имаме добра вест – големите модели ќе ги гледаме и оваа есен. Кафените и црните тонови ќе се најзастапени, заедно со сините и бордо нијанси.

Но, и оние практичните, што преферираат чанти за преку рамо, ќе се израдуваат на новите модели. Впечатливите детали во форма на интересен принт, крзно или тока, ќе ги издвојат оние од минатогодишните, каде едноставноста беше во преден план. Исто така, ако бевте од оние што минатата година си купија чанта со реси, чувајте ја и за оваа есен, сѐ уште ќе биде еден од топ трендовите.

Кожата ќе биде доминантна, без разлика дали е вистинска, велур, или вештачка. Треба само да го одберете она што ви се допаѓа, а се надеваме дека во галеријата во продолжение ќе си најдете инспирација или омилен модел. 

Објавено:
6 септември 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
5.355 пати