„Никогаш не можете претерано да се грижите за изборот на вашите чевли. Премногу жени сметаат дека тие не се важни, но вистинскиот доказ за елегантна жена е она што таа го носи на своите нозе.“ -гласи цитат на Кристијан Диор.

Што носеа на своите нозе повеќто посетители на Скопскиот моден викед? Со цел да прикажеме една поинаква страна, преку фотографии го овековечивме изборот на обувките од првите редови, што ги носеа машките и женските посетители.

На настан каков што е модниот викенд, ретко кој од присутните гости  не сакаше да биде впечатлив и дотеран. Но, терминот дотеран за секого има сопствено сфаќање и дефиниција. Ако на специјализиран настан за мода се водиме по фактот дека присутните на себе ги облекоа најдобрите парчиња од гардероберите, тогаш дали она што го имаа на нивните нозе, беше најдоброто?

Од комплетната фото-галерија се се добива впечатокот дека повеќето од припадничките на понежниот пол, се потпреле на сигурната варијанта од обувки во црна боја. Со оглед на сезоната во која се наоѓаме, женските модели претежно влегуваа во категотријата на комерцијалното,  од чизми над колена и такви го глужд, а ретко која дама за најсоодветни не  ги избра салонките со високи потпетици. Комфорот беше сведен на минимум, а доминацијата остана во знакот на екстремно високите потпетици и платформи.

Многу мал број присутни ја покажаа својата индивидуалистичка страна од изборот. Токму тие,  храбро и пристапија на комбинацијата со отворени сандали и чорапи.

За разлика од женскиот избор, посилниот пол не изненади со подобра селекција. Кај нив во фокусот беа специфичните сопртско-елегантни модели на чевли, урбани и тренди чизми , а забележавме  и неколку посетители што комбинациите ги надополнија со култните Мартис.

Погледнете!

 

Објавено:
4 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци