Сваровски без конкуренција е лидер во производството на прецизно изрежани кристали кои се користат во модната индустрија за накит, како и во обликувањето на светот на светлината, архитектурата и внатрешното уредување. Од основањето на компанијата во 1895 година, таа е посветена на истражување и наметнување трендови кои резултираа со создавање на нови кристални елементи, бои и ефекти. Од почетокот на 2007 година Сваровски ги продава своите кристални елементи во светот на модата и дизајнот под името Сваровски елементи.
Уникатниот дизајн, прецизната рачна изработка и внимателниот избор на метал се главни одлики на брендот Crystal Vision, а автентичниот Сваровски кристал е основна компонента на линијата накит кој ја произведува овој бренд. Оваа зима имате можност да ги развеселите своите најблиски со интересна понуда од нивната најнова колекција.
Внимателно дизајнираната Мајами линија ќе го нагласи вашиот раскош и ќе ви даде сјај во секоја пригода, а гламурозниот дизајн на Делукс колекцијата е совршен моден додаток кој ќе го збогати вашиот моден празничен изглед.
Во продолжение ви преставуваме дел од блескавите модели: