Чевлите со високи потпетици, секогаш биле синоним за елеганција и женственост. Освен тоа тие ги издолжуваат женските нозе и прават дамите кои ги носат да се чувствуваат моќно, секси и самоуверено. Сепак и покрај сите позитивни одлики, жените знаат дека голем дел од моделите на обувки со високи потпетици се неудобни, особено ако во нив треба да поминат осум работни часа дневно.
За да го задржите отмениот стил, но да се чувствувате и како вистинска жена која успешно ги извршува секојдневните работни обврски, стилистите имаат одлично модно решение кое со сигурност ќе ви се допадне.
Станува збор за чевли кои според дизајнот и изгледот се слични на обувките со високи потпетици, само што се многу поудобни за носење, и најважно се со ниска потпетица.
Модните брендови и познатите модни куќи ги ослободија креативните вибрации и заедно со своите дизајнерски тимови успеаја да креираат модели на чевли кои се спој од различни материјали, принтови и декорации. Популарните „стилето“ чевли или кај нас познати како салонки го задржаа шпицестиот изглед, софистицираниот дизајн, меката линија, само наместо потпетица добија рамен ѓон. Дури и популарните модели на машки оксфордки добија соодветна трансформација и еволуираа во инвентивен модел на обувки со заоблен преден дел, страничен отвор и затворена пета. Сите вкусови се задоволени, без разлика дали го преферирате андрогениот, урбаниот или женствениот стил.
Се чини дека ваквиот потег беше вистинското решение и ваквите модели на балетанка-чевли едноставно станаа едно од најобожаваните модни додатоци не само за летово, туку и за претстојната есенска сезона. Дизајнерите понудија модели кои се изработени од есенски материјали, па така на дамите ширум светот им го продолжија удобниот, урбан и женствен чекор и во постудените денови кои ни следат.
Погледнете ја галеријата со фотографии и кажете кои модели се ваши фаворити.