Ние сè уште длабоко во нас веруваме дека летото допрва ќе дојде, па секојдневно ве инспирираме со шик парчиња и стајлинзи за да бидете подготвени.

Кога станува збор за сандали, се чини дека модниот бренд Аквазура го има најдобриот модел кој неодамна го промовираше Војвотката од Сасекс, Меган Маркл.

Истите се неодоливи и навистина шармантни, навидум едноставни и на висока потпетица, но со слатка панделка во задниот дел и странични отвори кои ги прават уште повпечатливи.

Дизајнерите моделот го нарекоа „Deneuve“ и за многу брзо стана еден од омилените за летната сезона.

Сандалите се изработени од висококвалитетна кожа во Италија, а доаѓаат во неколку прекрасни нијанси, а достапни се на висока потпетица и сосема рамни.

Брендот Аквазура е дефинитивно еден од омилените брендови за чевли во светот, а секоја година задолжително имаат по еден модел кој девојките го обожаваат.

Еден од нивните најпознати модели се сандалите со пом – пом додатоци кои беа ултра популарни минатата година, а секоја сезона тие имаат неодоливи модели по кои девојките лудуваат.

Како ви се допаѓаат нивните нови сандали?

Извор и фото: Modamo.info, Pinterest, Aquazzura 

Објавено:
28 јуни 2018
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.209 пати