Дебелите потпетици се заштитен знак на новата колекција сандали од Бершка
•
20 март 2014
Во овој период голем дел од модните брендови ги лансираат своите нови колекции чевли и патики, а ние за денес ќе ви ги презентираме сандалите од Бершка, кои се совршени за овој период од годината.
Исто како и минатата пролет, така и оваа Бершка акцентот го става на доминантната, елеганта црна нијанса. Покрај црната, колекцијата поседува и модели во беж нијанса, неутрална боја која исто така перфектно се вклопува кога не сте сигурни со какво модел на чевли да го комплетирате аутфитот.
Десетте модели нудат комформност поради преовладувањето на дебелата потпетица, а за оние со истенчен вкус, тука се и тенките потпетици и полните пети.