Дизајнерите креираа чевли за модерната Пепелашка

10 февруари 2015

По повод новата екранизирана верзија на познатата детска бајка Пепелашка, познати светски дизајнери креираа свои модифицирани верзии на култните чевли од приказната.

Николас Кирквуд, Џими Чу, Шарлот Олимпија, Салваторе Ферагамо, Стјуарт Вајцман се само дел од познатите дизајнерски имиња кои се вклучија на иницијативата, на модерната Пепелашка да и понудат поинакви чевли.

Шарлот Олимпија Шарлот Олимпија

Некои од краторите понудија тотално футуристичка верзија на нежните стаклени чевличиња, па им додадоа висока платформа, други пак Пепелашка ја визуелизираа во кратки чизми на висока потпетица, а некои  останаа блиски до оригиналната верзија и додадоа многу светки и украсни камења.

Салваторе Ферагамо Салваторе Ферагамо

Чевлите за сите модерни Пепелашки ќе бидат достапни во продажба после 14-ти февруари.

Новата верзија на Пепелашка, ја следи приказната за Ела (Лили Џејмс), девојка која е малтретирана од маќеата (Кејт Бланшет) и двете полусестри (Софи Макшера и Холидеј Грејнџер). Улогата на шармантниот принц ја игра ѕвездата од „Game of Thrones“, Ричард Меден. Хелена Бонам Картер ја носи магијата во филмот, помагајќи ѝ на главната хероина да замине на балот со кочија и раскошен син фустан.

 

Филмот ќе започне да се прикажува во кината низ светот на 13 март.

Објавено:
10 февруари 2015
Категорија: 
Модни додатоци