(Фото) Сите пролетни чевли што ќе ги носиме оваа сезона

5 април 2022

Чевлите имаат моќ да кажат многу за вашиот стил. Добар пар чевли и на наједноставниот стајлинг, ќе му дадат визија и печат.

Затоа чевлите за многумина се слаба точка и за таквите, никогаш не завршува потрагата по идеалниот пар чевли.

Оваа пролет ќе чекориме и на висока платформа и на ниска елегантна потпетица. Палетата на пролетни чевли е возбудлива, дамска и шарена, а тенденциите се такви да понудат избор буквално за секого.

Од ултра високите платформи во духот на 70-те, до женствените колор-блок чевли со шпиц на средно висока потпетица или балетанки кои доаѓаат во нови верзии обложени со кадифе во атрактивни дезени и бои, ќе биде забавно во „чевлите на пролетта".

Ние направивме една богата селекција на различни модели на чевли што варираат во различни стилски правци, а заедничко им е тоа што ќе бидат подеднакво популарни оваа сезона.

Објавено:
5 април 2022
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
5.938 пати
Тагови: 
чевли пролет 2022