Елеганцијата е вечна тема, инспирација и безвременска естетика во секој моден контекст.

Затоа, секогаш вреди да инвестирате во парчиња кои ставаат акцент на елеганцијата.

Едно такво, грациозно дизајнерско парче е нашиот денешен избор предлог од Елена Лука.

Се работи за уникатен, масивен, бисерен ѓердан во повеќе слоеви, што ќе му даде неодолив, ефективен акцент на секој изглед.

Ова автентично дизајнерско парче, само по себе е толку впечатливо, што доколку го комбинирате и во наједноставен аутфит, ќе изгледа грандиозно.

Не заборавајте дека модните додатоци имаат моќ да го трансформираат целокупниот впечаток, па затоа посветувајте им особено внимание во секој поглед.

 

Објавено:
20 мај 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
658 пати