Со оглед на тоа дека допрва нè чекаат дождливи денови, време е да ги извадите гумените чизми, или пак, доколку ги немате да инвестирате во нив.
Тие не само што се најдобро решение за мокрите улици, туку и оваа есен се еден од најпосакуваните модни додатоци.
Дали ќе се одлучите за еднобојни или дезенирани, мат или металик, рамни или со потпетица, изборот е ваш и голем. Одберете она што најдобро можете да го усогласите со актуелните модни комбинации и без проблем зачекорете по есенските улици.
Во галеријата ви даваме неколку наши предлози.
Фото: Пинтерест, Инстаграм