Карла Бруни во луксузна кампања на Bulgari
•
26 август 2015
Поранешната француска прва дама, Карла Бруни и луксузниот бренд Bulgari се познат тандем со низа успешни соработки. Последната е новата кампања на претстојната сезона, есен-зима 2015 која изобилува со луксузен накит од колекциите Serpenti, Diva и Lvcea.
Сет од обетки и ѓердани во комбинација на интензивни бои, нараквици, рачни часовници се само дел од понудата на Bulgari што Карла ги носи во комбинација со совршено скроени сакоа во една варијанта и свечена тоалета со длабоко деколте, во друга варијанта.