Лето 2020: Најпопуларните 20 модели на костими за капење!

23 јули 2020

Прва асоцијација за летниот гардеробер се костимите за капење. Иако, годинава летото го поминуваме во поинакви услови, сепак од моден аспект останува стандардот да се издвојат оние модели кои важат за најпопуларни и кои ќе остават белег оваа сезона.

Модните куќи и етикети, од една во друга сезона се сè покреативни во изнаоѓањето што поинвентвни решенија кога се во прашање модните додатоци, вклучително и костимите за капење.

Она што го забележуваме како тенденција годинава, е мултфункционалноста на костимот за капење, што подразбира дека освен за неговата примерна намена, може да го комбинирате во својот аутфит и кога не сте на плажа, односно за дневни прошетки или вечерни излегувања.

Затоа, модните брендови се посветија на креирање на костими за капење што лесно може да се адаптираат во различнии стилски целини или да заменат друго парче облека.

Меѓу 20-те модели костими за капење, што ќе го обележат ова лето, се оние со карнери, со тропски или животниски принтови, во елегантни и минималистички кроеви, едноделни во асиметрични линии или дводелни со различни дезени.

Фото: Пинтерест

Објавено:
23 јули 2020
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
756 пати