Иако уживаме во последните денови од летото, не значи дека покрај со лежерните фустани, треба да се збогуваме и со омилените очила за сонце.
Веројатно забележавте дека летото вистински хит беа очилата за сонце во геометриски форми, па токму такви ви предлагаме и денес, а за истите знаеме дека ќе ја живеат популарноста и во текот на есента.
Станува збор за црни очила во темна нијанса со интересна форма и златни рамки, а на површината на стаклата на истите поставена е црвена впечатлива линија.
Овој фантастичен моден додаток ќе ви биде најдобар сојузник во есенските денови што доаѓаат бидејќи е супер лесен за комбинирање со што и да посакате.
Совршени ќе бидат и во зимските комбинации со омиленото капутче или пак јакна за спортски комбинации во кои секогаш сме вљубени.
Овие шик очила за сонце можете да ги најдете во продавницата на Parfois во Сити мол.
Ви се допаѓаат ли?