Must have: Суптилни, а впечатливи обетки за вашите секојдневни комбинации

16 јануари 2019

Магијата е во деталите. Секогаш ја потенцираме нивната значајна улога во дефинирањето на стилот, зашто токму модните додатоци ја прават разликата.

Нашиот денешен Must have, се пар впечатливи обетки од  Parfois, што иако по нивниот дизајн се минималистички, сепак се ултра впечатливи.

Совршено се вклопуваат во романтичната естетика на оваа зима. Земјените нијанси лесно ќе ги комбинирате во палетата со земјени тонови што доминираат и кај облеката оваа зима.

Може да ги носите во лежерно издание, со топол џемпер во беж боја и џинс или пак да го заокружите со нив вашиот вечерен изглед.

Комбинација: Fashion Group Macedonia
Стајлинг: Fashionel
Обетки: Parfois
Модел: Софија Симоноска
Модна агенција: Моделс Ин
Шминка и фризура: Елена Лука

 

Објавено:
16 јануари 2019
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
523 пати