И покрај тоа што денешниот ден го означува официјалниот старт на најубавото годишно време-летото, утрово повторно не пречекаа срамежливи капки дожд и тмурни облаци. Сепак, времето не треба да е главниот двигател за да имаме весело и разиграно секојдневие. Затоа денес направивме решивме да ви понудиме колоритна галерија на летни обувки кои дефинитивно ќе ви ги разубават долгите топли денови за кои сме сигурни дека нема да изостанат оваа година.
Од приложените модели тренд за ова лето ќе бидат рамните обувки кои имаат едноставна линија и минимални украси. Сандалите со висока потпетица имаат класичен изглед и полна потпетица што на вашиот чекор ќе му овозможи пред сè удобност но и софистицираност. Боите кои доминираат се главно во пастелни нијанси. Градацијата на кафени тонови е исто така присутна кај поголемиот дел модели, а не изостануваат и оние во силни нијанси но и оние кои се целосно изработени од светкави камчиња или принт. Се чини дека оваа сезона ќе ги задоволи модните преференции дури и на најприбирливите дами.
Дизајнерите играле на картата на универзалност во поглед на изгледот на летните обувки без разлика дали станува збор за сандали или влечки со цел да можат да се комбинираат и во секојдневните модни визии, но и во вечерните комбинации. Погледнете ја селекцијата на неколкуте модели и одберете го вашиот фаворит.