Накитот Картие незаменлив „реквизит“ на филмското платно

7 декември 2013

 

Картие е француска компанија и бренд кој дизајнира, произведува, дистрибуира и продава луксузни парчиња накит и часовници. Компанијата е основана во Париз во 1847 година од страна на Луј Франсоа Картие. Овој моден бренд е добро познат по изработката на накит и рачни часовници. Нивните производи важат за едни од најскапите на пазарот, поради нивниот квалитет, рачната изработка и користењето на скапоцени камења во самиот дизајн. Накитот на Картие е често избор на кралските семејства кога треба да се изработи автентичен изглед на круната или некој друг модел кој треба да биде елегантен, гламурозен и софистициран. Мошне често холивудските диви  го носат и на филмското платно нагласувајќи ја автентичната женственост и убавина на улогата која ја толкуваат во филмот.

 

Миа Фароу во „THE GREAT GATSBY“, 1974 Миа Фароу во „THE GREAT GATSBY“, 1974

 

THE GREAT GATSBY, 1974

Миа Фароу ја имаше честа да ја игра улогата на Дејзи Бјукенен, жената која носеше куп скапоцени камења на себе во филмот „Големиот Гетсби“ снимен за прв пат во 1974 година во режија на Џек Клејтон.

 

Гвинет Палтроу во „A PERFECT MURDER“, 199 Гвинет Палтроу во „A PERFECT MURDER“, 1998

 

A PERFECT MURDER, 1998

Во филмот на Андру Дејвис  „Совршено убивство“, Гвинет Палтроу ја игра улогата на Емили Бредфорд Тејлор, заедно со Мајкл Даглас. Гвинет  носеше рачен часовник изработен од платина и дијаманти, а нејзиниот врат блескаше со дијамантски ѓердан и двете потпишани од Картие.

 

Грејс Кели во „HIGH SOCIETY“, 1956 Грејс Кели во „HIGH SOCIETY“, 1956

 

HIGH SOCIETY, 1956

Принцот Раниер од Монако на својата жена принцезата и актерка Грејс Кели и подари прстен од 10.47 каратно злато со смарагден специјално изрежен дијамант, кој таа го носеше на снимањето на нејзиниот последен филм „Високо општество“ во режија на Чарлс Волтерс.

 

Мерилин Монро во „SOME LIKE IT HOT“, 1959 Мерилин Монро во „SOME LIKE IT HOT“, 1959

 

SOME LIKE IT HOT, 1959

Мерилин Монро на снимањето на филмот „Некои тоа го сакаат жешко“ во режија на Били Вајлдер, ја покажува алката изработена од Картие, подарена од Тони Куртис.

 

Валтер Слезак и Талула Бенкхед во „LIFEBOAT“, 1944 Валтер Слезак и Талула Бенкхед во „LIFEBOAT“, 1944

 

LIFEBOAT, 1944

Овој филм е снимен за време на Втората Светска Војна од страна на Алфред Хичкок. Главните јунаци во филмот го користат „Чамецот за спасување“ како единствен реквизит, што им помага на различни групи на луѓе кои успеале да се спасат од германските напади да се засолнат и да избегаат. Валтер Слезак и помага на неговата колешка Талула Бенкхед да ја отстрани скапоцената Картие алка, со цел да ја искористи како мамка за ловење риба.

Објавено:
7 декември 2013
Категорија: 
Модни додатоци