Трендовите за очила за сонце се менуваат речиси секоја сезона. Но, без разлика дали ќе се одлучите за нов модел, или некој класичен, треба да одберете модел што ќе му прилега на обликот на вашето лице.

Затоа, во продолжение прочитајте неколку совети.

Тркалезно лице

okruglo

-За да ја ублажите тркалезноста, одберете рамки со рамни линии, односно четириаголни. Заборавете на тркалезните форми. Уште еден предлог е рамките да се темно смеѓи, сиви или црни, затоа што темните бои совршено визуелно ќе го избалансираат ваквиот облика на лице.

trkalezno kolaz

Четвртесто лице

cetvrtasto

Ако за тркалезното важи правилото да ги избегнувате токму тие форми на рамки, истото важи и за четвртестото лице. Рамките нека не бидат аглести, туку тркалезни или овални, нешто како во стилот на Џеки Оназис во 1970-тите. Тие визуелно ќе ја „омекнат“ линијата на челото и делот околу вилицата.

cetvrtasto kolaz

Овално лице

ovalno

Е жените што имаат ваков облик на лице се среќни, затоа што на нив им прилега речиси секоја форма на очила за сонце. Она на што единствено мора да се внимава е очилата да бидат во сооднос со главата, односно пропорционални со големината на главата.

ovalno kolaz

Срцевиден облик

srcevidno

Ако имате ваков облик на лице, тоа значи дека имате нагласени јаболчници и чело, па затоа не бирајте очила за сонце со премногу широки рамки. Вам одлично ќе ви прилегаат облици како на авијатичарските очила, како и тесни модели, со што ќе направите баланс со нагласените делови на лицето.

srcevidno kolaz

Долгнавесто лице

dolgnavesto

За оваа форма на лице одличен избор ќе бидат нагласените рамки, како и тркалезните, со нагласен среден дел над носот.

dolgnavesto kolaz

Триаголно лице

Triangle-L_A1

Тоа значи дека имате пошироко чело и шилеста брада. Ако се пронајдовте, тогаш барајте тенки, метални и долгнавести рамки, како оние автијатичарските. Исто така, важно е рамката на очилата за сонце удобно да „се сместат“ на носот, односно не треба да стојат превисоко, за да не го скријат горниот дел од лицето.

triagolnik kolaz

Објавено:
26 мај 2014
Категорија: 
Модни додатоци