Бриџит Рајли прво ги обои ѕидовите во британската галерија Тејт, а потоа следуваше проектот во Парискиот музеј за модерна уметност и Париската национална галерија. Нејзината креативност и инвентивната игра на форми и бои кои ги користи во својот уметнички израз се најдоа и на ѕидовите во новата болница St. Mary's во Педингтон, Велика Британија.
Лондонскиот уметник Бриџит Рајли, важи за една од најпознатите и најпопуларните претставници на оптичката уметност, нејзините креативни цртежи не само што можеме да ги сретнеме на ѕидовите низ галериите и музеите во Лондон и Париз, туку и на едно помалку невообичаено место во болницата St. Mary's во Педингтон, Велика Британија.
Позната по експерименталниот спој на бои и форми Рајли ја обои болницата, давајќи и свежина, чувство на удобност и топлина. Ова не е нивна прва соработка, пред неколку години уметничката ги декорираше и целосно ги нијансираше ѕидовите на деветтиот кат од истата зграда.
Целта на оваа 82-годишна креативка е да ги расположи пациентите и да ги потсети дека престојот во болницата е само привремена животна станица, а кога ќе излезат повторно можат да бидат среќни и да продолжат да ги уживаат убавините кои им нуди животот. Оваа прекрасна старица докажа дека уметноста нема граници.