Оливија Палермо и Мирослава Дума имаат нова заедничка пасија
•
27 октомври 2017
Едни од највлијателните жени во модниот свет кои преку својот личен стил ги диктираат трендовите, Оливија Палермо и Мирслава Дума, имаат нова и заедничка пасија.
Она што е актуелен НЗС во стилот на овие дами, се чантите на новиот бренд за модни додатоци The Volon.
Ако отворите на Инстаграм ќе забележите дека актуелни кај модните инсјадерки се три модели од овие чанти: Cindy, Cube и Great L.box.
Специфично за овие модели се нивните необични „подуени" форми и сите се дизајнирани во мини варијанта.
Покрај Оливија и Мирослава, нивни познати обожавателки се и модните блогерки Леандра и Ејми Сонг што секогаш на забавен начин ги имплементираат во своите аутфити.