Новата омилена чанта меѓу познатите и трендсетерите е дело на дизајнерката Габриела Хрст.

-Во ноември месец, бев во Claridge’s, поточно бев во лифт, а момчето што се возеше со мене буквално се „ѕвереше“ во чантата. Ме праша кој ја изработил, му реков дека е моја, но дека е само прототип. Ми кажа, ако направите повеќе би сакал да имам една таква, и ми ја даде својата визит карта. Тоа беше Џони Ајв, директор на дизајн на Apple – раскажува Хрст.

Тоа ѝ дало мотив да направи повеќе, поточно 25, а една секако била подарок за Ајв. Меѓу малкумината што ја имаат е и актерката Бри Ларсон, која со чантата се појави на забавата пред „Златните глобуси“.

-Таа е одличен промотер и поддржувач на брендот, а воедно е навистина многу талентирана. ИТ чанта оди со ИТ девојка – искрена е Габриела.

Бри Ларсон

Меѓу модните инсајдери овој моден додаток е апсолутен хит, па многумина се надеваат дека Габриела сепак уште еднаш ќе се предомисли и ќе направи уште некоја серија од чантата.

Ви се допаѓа ли вам?

Објавено:
9 февруари 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
5.016 пати