Германската компанија „Falke“ која изработува чорапи и е добро позната на светскиот пазар, основана уште од далечната 1895 година, лансираше лимитирана едиција на чорапи од 100% волна од лама. Цената на овие чорапи е 730 евра, изработени се од најскапата волна и се продаваат во уникатна дрвена кутија.

Волната од лама е полесна и помека и овозможува поголема топлина од вообичаено, затоа овие луксузни чорапи се во класата на најскапите и се изработени само во десет примероци.

Објавено:
9 декември 2013
Категорија: 
Модни додатоци