Патики во 20 летни комбинации – од симбол на бунтовништво до ѕвезди во уличната мода

4 август 2022

Првите компании кои понудиле патики на пазарот, биле Конверс (со моделот All Star) и Кедс, во далечната 1916 година. Основно, биле дизајнирани за спортски активности.

Целиот американски кошаркарски тим носел Конверс патики на Олимпијадата во Берлин во 1936 година.

Но, патиките брзо ќе стекнат популарност надвор од спортскиот терен.

За нивната популаризација се заслужни поп иконите како Марлон Брандо и Мерилин Монро, кои од патиките направиле симбол на бунтовништво и подготвеност да се излезе од универзалните правила на модата.

Децении покасно, патиките се попопуларни од било кога. И апсолутно не постојат правила кои би го ограничиле нивното комбинирање.

Се носат со костими за капење и со деловни одела, со женствени фустани, а секако и во спортски аутфит.

Патиките се ѕвезди во уличната мода, исто колку што се и на спортскиот терен.

Одбравме 20 комбинации како идеи како да ги комбинирате вашите омилени патики ова лето.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
4 август 2022
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
809 пати