Погледнете го новиот необичен тренд на „ракавици“

26 ноември 2013

Ракавици со прсти, без прсти, но од сега и ракавици само со прсти. Овој нов тренд наскоро ќе стане еден од најприменуваните, посебно за оние што сакаат да се издвојуваат по аксесоарите. Овие необични „ракавици“ не се изработени за да ве згреат туку само естетски да изнудат погледи кон вашите раце.

 

Интересно е што се изработени така што на минималистички прстени се наплетени директно на нив. Доколку низ продавниците налетате на ваков модел ние ви нудиме предлог да ги носите во спој со класичен модел на ракавици или под оние без прсти. Ви се допаѓаат?

 

Објавено:
26 ноември 2013
Категорија: 
Модни додатоци