Погледнете го реставрираниот накит од 17.век

16 август 2013

nakit

Комплетната колекција од 500 парчиња накит од Англија од елизабетански период, ќе биде прикажана во Лондонскиот музеј на 11.октомври.

Ова ќе биде воедно и најголемата изложба на накит од оваа ера во британската историја. Она што е интересно е што парчињата се случајно најдени од градежни работници, а биле скриени во една лондонска визба дури 101 година.

Колкецијата содржи ѓердани, скапоцени камења од византискиот период и накит со мирисни шишиња.

Исто така, едни од највпечатливите парчиња се смарагдните и златните сламандер брошеви, часовници во смарагден камен и елизабетански ѓердани со цветни мотиви.

Истражувачите открија дека се работи за парчиња што биле закопани помежѓу 1640-тата и 1666-тата година. Но, она што не е откриено е кој е човекот што го закопал овој мошне вреден накит, а не се вратил по него.

 

Објавено:
16 август 2013
Категорија: 
Модни додатоци