Сите љубители на очилата за сонце, но и на Полис ќе се израдуваат на веста дека брендот пласираше нова колекција на овој, веќе неизбежен моден аксесоар.
Новиот посебен модел со модерен дизајн е осмислен специјално за талентирниот бразилски фусбалер Нејмар Јуниор, новиот амбасадор на Полис, па токму затоа ја одразува и неговата личност. Кај овој модел, карактеристичните обележја на брендот се надополнуваат со нови модни додатоци - крилја реинтерпретирани на модерен начин и тоа во две нијанси - контрастна мат и светкава.
Но овие очила се разликуваат и по технологијата на изработка. Имено, врвот на леќите е збогатен со огледален дел кој создава нов и модерен ефект во две нијанси, односно тонови, еден од најистакнатите обележја на моделот. Двојните крилја се изработени од метал, како и додатокот што ги поврзува со предниот дел, со футуристичка интерпретацијиа на познатото лого на Полис.
Најновиот модел е достапен во неколку комбинации на бои, а ќе се продава со посебна футрола со потпис на фудбалерот. Моделот е веќе достапен во сите службени Полис претставништва, оптики и трговски центри ширум светот.