Оваа пролет и лето едни од најпопуларните модни додатоци беа слатките пом – пом топчиња, а ако се прашувавте како да ги комбинирате оваа есен, денеска ќе го добиете совршениот одговор.

Есенва истите се најдоа како одличен пар на едноставните патики, поставени во предниот дел за уште посладок изглед.

Популарните дизајнери, но и големите high street брендови за сезонава создадоа навистина прекрасни модели во супер бои на кои им ги додадоа овие аксесоари за изглед како никогаш досега.

Имено, станува збор за многу едноставни модели на патики како оние белите што веќе ги обожаваме, но и оние ниските во сиви, розови и бројни други нијанси.

Овие слатки додатоци одлично изгледаат и на белите кожени патики, но се чини блогерките и трендсетерките најмногу ги сакаат оние во сива варијанта од превртена кожа кои ги носат буквално во секоја комбинација.

Во најголемиот број случаи, пом – пом топчињата можат да се извадат и да имате едноставен чифт патики, но кога сакате да бидете вистинска стилска дама низ улиците, тогаш овие додатоци од вештачко крзно се совршен избор за тоа.

 

Објавено:
10 октомври 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.441 пати