Ријана лансираше своја линија привремени тетоважи

18 јуни 2015

Привремените тетоважи се ултимативен хит ова лето, а Ријана која и самата е позната како голем љубител на „body art“, не ја пропушти шансата да лансира своја линија и да се впушти во уште една забавна модна авантура.

Тетоважите Ријана ги креираше во соработка со дизајнерката на накит Џеки Аиш, за оние кои сакаат да го украсат своето тело со тетоважи, но немаат доволно храброст да стават трајна тетоважа.

„Креативниот процес беше навистина забавен, па решивме да дизајнираме уште една линија на привремени тетоважи, но овој пат ќе бидат посекси. Очекувајте ги наскоро“, најавува дизајнерката.

Инаку првата линија на привремени тетоважи со потписот на ексцентричната пејачка, веќе се пуштени во продажба на jacquieaiche.com, чинат 27 долари и се купуваат во сет од седум листови во избор од црна или златна боја.

Објавено:
18 јуни 2015
Категорија: 
Модни додатоци