Сè во едно: Најдобрите аксесоари од ресорт колекциите за 2014

17 јануари 2014

Парчињата од ресорт колекциите за 2014 година ветуваат многу! Но, она што нас особено не радува се одличните аксесоари што покрај тренди парчињата, едноставно не можете, а да не ги обожавате.

Почнувајќи од чевлите, чантите и блескавиот накит, буквално секој моден додаток од колекциите е парче што очајно го посакуваме.

Скоро во сите колекции може да се забележат свежи, пролетни бои на модните додатоци, особено на чантите и чевлите.

Армани Армани

Накитот и оваа сезона е масивен и екстремно впечатлив, а како омилен моден додаток кај сите модни куќи во ресорт колекциите може да се забележат очилата за сонце со интересни форми и ремените во секаква боја и големина.

Нина Ричи Нина Ричи

Во продолжение погледнете ги најубавите аксесоари од колекциите на модните куќи ширум светот и инспирирајте се за следниот шопинг!

Објавено:
17 јануари 2014
Категорија: 
Модни додатоци