Стилската икона на 90 – тите Кортни Лав создаде супер секси колекција за high street брендот Nasty Gal, а сосема очекувано, девојките ги обожаваат парчињата!
Дел од нејзината деби колекција за брендот се секси ноќници во црна и сина боја, потоа шармантни градници, свилени маички со нежна тантела, хулахопки, но и по некое парче што храбрите девојки можат да го носат и како фустан.
Целата колекција на брендот неодоливо потсетува на стилот на Кортни која била одушевена од идејата да создаде долна облека за брендот.
„Почнавме со креирање на долна облека, но завршивме со создавање и на по некое парче облека. Двете фустанчиња се модернизирана верзија на популарните фустани што јас ги носев во 90 – тите. Колекцијата истовремено е носталгично и нова“, вели Кортни Лав.
Цените на парчињата се движат од 48 па сѐ до 188 долари.