Шарлот Олимпија ви нуди двоен хедонизам
•
10 март 2014
Популарниот бред за аксесоари Шарлот Олимпија се подготвува за решавање на основните додатоци од гардеробата на жената. Станува збор за лансирање линија чанти и обувки во ретро стил. Структурираната чанта ја има во неколку нијанси и е изработена со една рачка која е директно инспирирана од винтиџ стилот. Освен овој модел, колекцијата вклучува уште неколку клач варијанти кои одат во пар со елегантни дамски ракавици.
Во однос на обувките и Шерлот Олимпија како и многуте дизајнери, го нуди животинскиот леопардов принт и потпетицата со средна висина. Нивната цена изнесува од 630 до 900 долари, а секој пар доаѓа во кутија дизајнирана како куфер.