Што да очекуваме од клач чантите после ова?

16 септември 2014

Уникатната њујорчанка Кристине Јоханес е сосема обична девојка која прави вистински чуда од плексиглас! Благодарение на нејзината неверојатна креативност и неограничена фантазија, таа ги прави најдобрите клач чанти со единствен футуристички изглед како што никој друг не умее да ги направи.

Кристине неодамна ја претстави пролетната колекција на модната недела во Њујорк и како што беше и очекувано, буквално сите модели на клач чанти се неодоливи и неверојатно тренди и шик.

Светот дозна за неа и за нејзината и онака одлична приказна, преку светски познатиот онлајн бутик Мода Операнди, чиј тим секогаш има неверојатно чувство за нови таленти.

Клач чантите на брендот на Кристина, Rauwolf се најдоа веднаш до креациите на големите светски дизајнери како Валентино, Том Форд и многу други со што истите за многу кратко време, привлекоа неверојатно внимание кај светските ѕвезди.

Речиси секогаш, Кристина создава нови футуристички форми на клач чанти кои се вистинска замена за деликатните вечерни чанти, со совршена доза на светкава магија која што е обожувана од најпознатите холивдуски девојки како Џенифер Лопез.

Иако светкави и впечатливи, ниту еден од нејзините модели на чанти, не е кич или пак премногу украсен во ниту еден момент.

Наместо тоа, таа секогаш предлага модели со строги линии и уникатен вид на гламур со единствен вид на вметната уметност во секоја посебно.

Во продолжение, погледнете некои од најдобрите модели на клач чанти од брендот Rauwolf, по кои веруваме дека ќе „полудите“ и ништо по нив нема да биде исто!

Објавено:
16 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци