Празничната магија го инспирираше дизајнерскиот тим на Шанел да ја создаде новата божиќна  колекција накит. Колекцијата е инспирирана од ѕвездите и кометите и комплетно соодветствува со гламурозниот блесок и топлина кои со себе ги носат Божиќните празници.

Ѕвездите исполнуваат желби, тие се симбол на гламурот, заштитен знак на Холивуд и основно обележје на Булеварот на славните во Лос Анџелес. Новата колекција накит со потписот на Шанел носи наслов „Les Comètes de Chanel“ (Кометите на Шанел) и вклучува скапоцени парчиња ѓердани, алки, обетки и прстени. Како основа во создавањето на структурата, дизајнот и изгледот, креаторите ја земаа ѕвездата со пет краци. Дизајнерите се одлучиле ѕвездата со пет краци да биде во фокусот на Божиќната колекција накит и поради тоа што нивната легендарна сопственичка Коко Шанел била голема вљубеничка токму во ѕвездите.

„Што друго би можело да биде безвременски модерно, ако не ѕвездите. Сакам да пливам во море од ѕвезди. Ѕвезди, ѕвезди, ѕвезди во сите форми и големи“, има изјавено во една прилика дизајнерката.

Во продолжение почувствувајте ја ѕвездената магија и погледнете ги фотографиите:

Објавено:
18 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци