Сицилија е непресушниот инспиративен извор на Долче и Габана

15 септември 2014

Цветниот принт кој се надоврзува од сицилијанската модна приказна на најновата пролет-лето колекција на италијанскиот бренд Долче и Габана се најде и кај новите рамки за очила. Капсулната колекција е сочинета од четири неодоливи модели со деликатни цветови кои се рачно цртани.

Доменико Долче и Стефано Габана потенцираат дека ваквите рамки дефинитивно ќе го освежат вашето расположение, а ќе придонесат и за женственост и романтичност од изгледот. Покрај трите модели со цветен прит од надворешната страна, за оние што преферираат минимиализам, брендот нуди и такви со црна рамка и цветови од внатрешната страна.

 

Не се сомневаме дека ваквите рамки ќе им се допаднат на многу девојки што носат очила за вид.

 

 

Објавено:
15 септември 2014
Категорија: 
Модни додатоци