Супер модерни парчиња од Women'secret за комплетна релаксација

9 октомври 2017

НОВИ СУПЕР ЖЕНСТВЕНИ ПИЖАМИ ОД WOMEN'SECRET

Оваа есен, Women'secret ја дополнува колекцијата пижами за да ги задоволи потребите на жените кои сакаат да се чувствуваат удобно и женствено без да ја жртвуваат удобноста.
Порелаксирани бои, внимателно избрани дезени, нови текстури и материјали за парчиња кои изгледаат поженствено од кога и да е. Памук, свилена вискоза и сатен со тантела за комплетен изглед на пижамите со машки крој и принтови инспирирани од азиската уметност.
Бескрајно многу опции за секоја жена – привлечна, удобна и деликатна колекција.

 

 

УЛТИМАТИВНА УДОБНОСТ ОД WOMEN'SECRET

Трендот да се носат модели кои личат на пижами е сè уште актуелен, но овојпат Women'secret нуди супер модерни парчиња за времето поминато дома. Овие удобни и безвременски парчиња се одличен избор и за оние кои работат од дома.
Овој дел од колекцијата на Women'secret za есен/зима 2017/18 вклучува "jogger" панталони, маички и дуксери – парчиња со двојна намена, кои се лесно прилагодливи и доаѓаат во неутрални бои и специјална ултра мека текстура.

 

Објавено:
9 октомври 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
564 пати