Timberland – Flyroam: есен-зима колекција со слободен дух

12 септември 2017

Timberland, бренд со богато наследство, кој секогаш се стреми кон иднината и иновациите, оди уште еден чекор напред со колекцијата Flyroam - обувки специјално создадени за истражување на урбаниот пејзаж.

Со авантуристичка природа, Timberland го носи духот на природата во градската средина преку современо дизајнирани обувки направени за оние кои не се плашат да одат по најпредизвикувачките патеки.

Flyroam ја комбинира минималистичката естетика со модерен, андерграунд дизајн кој одлично се вклопува со карактерот на брендот. Лесни и слободни, Flyroam патиките се совршени за динамичното секојдневие на градскиот живот.

Вградената и патентирана AeroCore технологија овозможува баланс на тежината која паѓа на стапалото и зголемување на флексибилноста. Дизајнот кој е фокусиран на подобар перформанс го минимизира притисокот во моментот кога стапалото ја допира подлогата и преку специјален гумен меѓу-ѓон со специјално полнење овозможува сосема ново искуство во креирањето на Вашите урбани приказни.

Харизматични и кул во секој детаљ, Flyroam се стремат да бидат уште една од иконите на Timberland, а ги обожуваат оние кои сакаат да бидат лесни, брзи и слободни. Дали сте и Вие едни од нив?

Објавено:
12 септември 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
1.004 пати