Топла и безгрижна зима со новите чизмички на Вокмакс!

27 ноември 2014

Оваа зима нека биде најтоплата досега! Уникатните Вокмакс чизмички сезонава се дизајнирани да го подобрат начинот на кој чекорите и целосно да си ги стоплите стапалата во студените зимски денови.

Истите се изработени од специјален заоблен ѓон со чија помош ќе се чувствувате како да чекорите по песок.

Вокмакс чизмичките оваа зима доаѓаат во две бои – крем и сива, а истите се изработени од кравја антилоп кожа и топла постава за одржување на пријатно чувство на стапалата во текот на целиот ден.

Она што дефинитивно е најважно да се споменеме за Вокмакс чизмите, е тоа што покрај целата топлина што ќе ви ја овозможат во текот на зимата, тие ќе направат да се чувствувате како да лебдите во воздухот.

Истите се специјално дизајнирани за да ви овозможат и природно движење на стапалата и подеднакво да ја распределат тежината, пренесувајќи го притисокот од стапалата, зглобовите и грбот на вашите мускули.

Покрај тоа што од ваквите чизмички ќе имате неверојатни бенефиции, тие се и многу лесни за комбинирање. Носете ги со едноставни фармерки, тренди џемперче и зимска јакна, или пак со панталони и спортско – елегантно зимско палто по избор.

Доколку веќе се решивте каде ќе го поминете годинешниот зимски одмор, тие се одличен избор и за студените снежни денови, па така не двоумете се да си купите и еден чифт за снег.

Спонзорирана објава 

Објавено:
27 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци