Во петокот во галеријата ULUPUH во Загреб се отвори изложбата „Šalimo se“ на словенската авторка Ксенија Барага.
Академската сликарка, Ксенија Барага на свој препознатлив начин прави спој помеѓу своето ликовно познавање и употребата на класични и инвентивни техники за плетење и везење. Нејзините мали и големи текстилни композиции и објекти се создадени со спојување на различни материјали особено волници и техники на плетење и везење кои резултираат со навистина инвентивни производи кои имаат прилагодлива намена во секојдневниот живот.
Плетените шалови кои Барага ги прави последните години се вистинско мајсторство на овој занает, а се инспирирани од нејзината љубов спрема цртежите, случки од секојдневието, боите, структурите, материјалите и плетењето. За неа шалот претставува апстрактна, правоаголна, мека насликана површина, предмет кој плете засебна приказна и кој има своја намена.
Креаторката за хрваткиот онлајн сајт buro247.hr го објаснува процесот за тоа како настанува еден шал. Таа вели дека основниот цртеж се претвора во пиксели кои подоцна машината ги спојува и плете. Еден пиксел е еден бод, а 365.200 бодови исплетуваат еден шал. Барага, додава и дека нејзината колекција никогаш нема да биде завршена, поради константните промени на идеи и напливот на инспиративна енергија која постојано ја обзема и резултира со нови модели кои плетат нови креативни приказни. Изложбата ќе биде поставена се до 29 – ти ноември.