Freywille вечерните клач – чанти се изработуваат во строго лимитирани количини, за нивните идни сопственички да уживаат во нивната ексклузивност. Но, исто така и за да не потсетат зошто важат за модни додатоци кои се одликуваат со специфичен естетски израз и посебен дизајн.
Безвременската и неверојатно модерна во својата едноставност, Freywille клач – чантата е идеален моден додаток во посебните пригоди кога сакате да го нагласите вашето чувство за елеганција и гламур. Креативната игра од најфини материјали, уметнички пресликани детали од печен емајл и живописни бои, прават ова мало ремек дело да биде парче кое совршено ќе ја збогати секоја свечена комбинација. Мала неодолива украсна чанта е со димензии 16х4,8х11cm и е именувана симболично по Милано, градот на уметноста и модата.
Со се попознатата клач – чанта Soirèe Viennoise, дизајнирана за носење под рака и препознатлива по уметничката слика од емајл која го украсува горниот дел од чантата, Freywille претставува нов симбол на женска независност и отменост. Чантата е претставена во комбинации од најквалитетна кожа во црна или беж боја, а највпечатливите детали од нејзиниот уметнички дизајн е единственото долгнавесто копче од емајл, насликано со инвентивни мотиви од поединечни парчиња накит од колекцијата на Freywille.