Во пролетта ќе зачекориме во транспарентни патики

9 февруари 2022

... Така барем велат модните инсајдери. Овој тренд срамежливо се наметнува на светската модна сцена, но тоа не значи дека нема да издоминира во месеците што доаѓаат.

Ако судиме по ревиите кои имавме можност имзинатиов период да ги погледнеме, несомнено е дека ова ќе биде една од главните тенденции во 2022 година. „Диор“, Loewe, „Луј Витон“, „Мезон Марџела“ се дел од брендовите кои овие обувки ги имплементираа во своите колекции. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by LOEWE (@loewe)

Инаку, ако зборуваме за патики и генерално обувки во футуристички стил, тогаш треба да се вратиме наназад, во 70-тите години кога Пјер Карден посегна по оваа естетика, која подоцна во 90-тите и почетоко на новиот Милениум зема нов замав.

Новите модели пак, вклучуваат патики со храбар дизајн, впечатлив материјал и транспарентни делови изработени од гумена пластика, или само гума, што значи дека не изгледаат грубо и меки се за носење. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Dior Official (@dior)

 

 

Би носеле ли вакви патики?

Објавено:
9 февруари 2022
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
543 пати