За себе или за подарок: Накит совршен за Денот на вљубените

8 февруари 2021

Модните додатоци ја имаат таа моќ сосема едноставна комбинација да ја издигнат во впечатлива, необична, интересна.

Имајќи го тоа на ум, во месецот кога се слави љубовта, домашниот бренд Елена Лука, ја прошири својата понуда на линијата Elena Luka ♥ You со совршени модни додатоци за Денот на вљубените.

И токму тука ќе најдете парчиња за сечиј вкус и естетски израз.

Обетки во поп-арт фазон, или големи впечатливи или пак долгнавести со срцето во фокус, имате можност да одберете парче накит - со љубов за љубов.

Ако сакате покласична естетика, тогаш брошевите што ќе ја збогатат и најстрогата модна комбинација се идеален избор.

Прстени, ѓердани, чорапи се само дел од она што ќе ја олесни вашата потрага по идеален подарок.

За потсетување, оваа љубовна линија на Елена Лука, содржи и тематски блузони - од спортски до елегантни, како и свилени марами односно шалови, па лесно можете да ја направите вистинската комбинација за себе или саканата личност.

Сите производи можете да ги видите на онлајн продавницата на брендот или пак во showroom салони во Аеродром и ГТЦ (I кат).

Љубовта заслужува да се слави секој ден, но кога постои посебен датум во годината што ќе не' потсети на моќта на љубовта, тогаш зошто да не го надополните вашето внимание со посветено одбран дизајнерски подарок, што ќе зрачи љубов и ќе биде безвременски?

 

 

Објавено:
8 февруари 2021
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
585 пати