За француската дизајнерка на накит Орели Бидерман, 70 – тите се постојан извор на инспирација. Токму во овие години, таа го извлече најдоброто и создаде шармантна ресорт колекција накит во која знаеме дека ќе се заљубите.
Како и во секоја друга колекција, Орели повторно внесе свежа тиркизна боја, многу метал и јаже и во оваа колекција и истите ги претвори во неверојатно добри форми како создадени за лето.
Она што дефинитивно најмногу се издвои од целата колекција, се парчињата во кои доминираат спојувалките за хартија, украсени со интересни камења во неверојатни бои.
За дамите што преферираат елеганција пред сѐ, талентираната Орели во колекцијата смести и ѓердани и парчиња со бисери, но и такви со интересно споени јажиња украсени со детали во интензивни бои.
Неодоливи и совршени за лето се и парчињата накит во златна боја што дефинитивно изобилуваат во колекцијата, а за кои знаеме дека и вие обожувате да ги носите.
Погледнете ги сите парчиња од слатката колекција на Орели и одберете си го вашиот фаворит!