Адам Левин заплива во дизајнерските води

15 август 2013

Пејачот на популарната група „Марун 5“, Адам Левин, склучи договор со популарната американска продавница „Кмарт“, според кој пејачот ќе ги продава производите од неговата прва колекција за мажи.

 

34 годишниот пејач ќе дизајнира машка облека и аксесоари, а колекцијата насловена „222 by Adam Levine“ ќе биде пуштена во продажба многу наскоро.

Инаку, брендот „Кмарт“ постои од 1962 година, а досега има склучено соработки уште со неколку познати имиња меѓу кои, Селена Гомез, Софија Вегара и Ники Минаж.

 

Објавено:
15 август 2013
Категорија: 
Сцена