Андреј Пејиќ призна: Го сменив полот

25 јули 2014

Andrej-Pejic-by-John-Paul-Pietrus-for-Stylist-Magazine-February-2014

Манекенот Андреј Пејиќ, кој стана популарен по неговиот андроген изглед, на обожавателите на социјалната мрежа Фејсбук, а со тоа на целата јавност и призна дека го сменил полот, бидејќи отсекогаш се чувствувал како жена.

Во долгиот пост на Фејсбук, Пејиќ се заблагодари на сите што го поддржуваа во идејата конечно да го оствари својот сон и да стане тоа што чувствувал дека е. Андреј стана жена и сега се вика Андреја.

„Сакам да им се заблагодарам на сите на поддршката што ми ја даваа. Сите ми помогнавте на овој пат каде што научив многу, што е секако причина за мојата одлука ова со вас да го споделам јавно. Со годините сите се менуваме, но не мислам дека мојата транзиција од мене направи друга личност. Јас сум истата личност, само со поинаков пол. Се надевам дека сите ќе можете да разберете“, напишал Пејиќ.

andrej

Тој понатаму ги потсетува младите генерации колку е важно сите да бидат прифатени, без разлика на нивната определба. Како вели, сите заслужуваат иста почит на оваа планета.

Инаку, моделот уште од својата 13-та година размислува за операцијата за промена на полот и свесен дека неговата кариера ќе трпи последици, за зафатот се одлучил дури сега, во 22-та година.

andrej-pejic-elle-serbia-january-2013-03

Во остварувањето на својата цел и сон, сега веќе Андреја, имала комплетна поддршка од семејството. Ќе му донесе ова уште поголема популарност, или пак ќе претставува бавно гаснење на неговата кариера, останува да се види.

201311811531_3

AndrejPejic5

6131508999_f048c02989_o

 

Објавено:
25 јули 2014
Категорија: 
Сцена