Аријана Гранде се пофали со дијамантскиот свршенички прстен

21 декември 2020

Познатата пејачка Аријана Гранде викендов на социјалните мрежи се пофали со свршеничкиот прстен создаден од дијаманти и бисер.

Гранде му рече „да“ на момчето Далтон Гомез, со кој се во врска од јануари годинава.

„Не можат да бидат посреќни, многу се возбудени. Ова се радосни мигови за нив и нивните родители се исто така пресреќни“, изјави за магазинот „People" извор близок до двојката .

Претходно, 27-годишната пејачка беше во врска со Пит Дејвидсон со кој се вереше во 2018 година, по неколку недели врска, но истата година двојката се раздели.

Објавено:
21 декември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
196 пати
Тагови: 
Аријана Гранде