Бар Рафаели: Би била среќна ако се измислат апчиња да јадеш а да не се дебелееш!

28 јануари 2014

Израелската манекенка Бар Рафаели која ќе биде домаќин на „Супер Бол“ во Њујорк на 31 јануари, за „Хафингтон пост“ изјавува дека помфритот е нејзиниот најголем порок, дека е лоша во кујна, а ако може да изврши некаков злочин, тоа би била кражба на чевли и чанти од познати брендови.

-Најнеобичната работа што ја носам во чанта се чепкалки за заби, никогаш не се знае кога ќе ви притребаат. Се надевам дека ќе биде измислен лек за рак и сида барем во наредните десет години. Исто така, би била многу среќна кога би се измислила таблета од која  можеш да јадеш, а да не се дебелееш, вели Бар.

Објавено:
28 јануари 2014
Категорија: 
Сцена