Бела Хадид каква што не сте ја виделе досега

9 декември 2016

Топ моделот Бела Хадид се чини со секој свој чекор ја воодушевува модната индустрија, а така е и со последниот едиторијал што таа го направи за магазинот Paper. 

Таа се појави на насловната страница на магазинот и на уште неколку други фотографии сосема поразлична од она на што навикнавме да ја гледаме. 

Овој пат, за потребите на едиторијалот таа ја обои косата руса, а тимот стилисти на магазинот одбра вистински бунтовнички и секси стајлинзи во кои можеме да ја видиме манекенката. 

Она што можеме да го забележиме е и несекојдневната и впечатлива шминка што манекенката ја има, особено карминот кој е претежно во темни бои и украсен со кристали и светки.

За фотографиите беше задолжен Николас Мур, додека за шик стајлингот Фарен Фучи. За едиторијалот манекенката носи парчиња од познатите светски брендови меѓу кои и Гучи, Марк Џејкобс, Филип Плејн и многу други. 

Многумина ќе кажат дека со новата боја на коса Бела неодоливо потсетува на нејзината холивудска двојничка, актерката Џенифер Лоренс што е и повеќе од очигледно. 

Последно, таа се појави во ултра секси изданија на спектакуларното шоу на Викторија Сикрет во Париз каде предизвика низа позитивни коментари.

Објавено:
9 декември 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.168 пати