Беспрекорна елеганција на светските спортисти на церемонијата FIFA Ballon d'Or

14 јануари 2014

Вчеравечер најголемиот град во Швајцарија, Цирих беше место каде се собраа некои од најмоќните луѓе во спортот и светски обожаваните спортисти.

Церемонијата FIFA Ballon d'Or, каде им беа доделени признанијата на најдобрите, беше место каде сите можеа да уживаат во беспрекорната елеганција на омилените спортисти во изданија во кои баш и не сме навикнати да ги гледаме.

Сосема очекувано, наградата за најдобар светски фудбалер ја доби единствениот Кристијано Роналдо кој успеа да ги победи Лионел Меси и Френк Рибери.

Елегантниот фудбалер наградата ја прими многу емотивно, расплакувајќи се додека го држеше говорот во кој им се заблагодари на неговите најблиски за поддршката.

Она што беше и повеќе од забележително беше неговата неверојатна елеганција што тој ја постигнал одлучувајќи се за одличен машки смокинг во комбинација со пеперутка вратоврска, бело марамче како детаљ, интересен и впечатлив прстен и секако неодминливиот и омилен машки додаток – часовникот!

Тој на церемонијата пристигна во друштво на неговата девојка, прекрасната манекенка Ирина Шајк која изгледаше прекрасно во црниот фустан од тантела.

Покрај ѕвездата на вечерта – Кристиано Роналдо, на наградите одличен впечаток оставија и фудбалерот Лионел Меси кој за пригодата одбра костим во интензивна темно црвена боја во комбинација со бела кошула и црна, пеперутка вратоврска.

Интересен стајлинг имаше и Роналдо кој најголем впечаток остави со интересната и несекојдневна црна вратоврска со бели точки.

На церемонијата се појави и прекрасната Адриана Лима која пристигна во долга, зелена тоалета со карнери во горниот дел и едноставна фризура и шминка.

Во продолжение погледнете некои од највпечатливите стајлинзи на вечерта на вашите омилени спортисти и нивните прекрасни придружнички.

Објавено:
14 јануари 2014
Категорија: 
Сцена